Ви претставуваме прототип на локална невладина организација дизајнирана да биде адаптибилна на различни локални контексти, додека се фокусира на создавање на поддржувачки екосистем за социјалното претприемништво. Се приоритизира одржливоста, вклучувањето на заедницата и иновациите, со цел да се поттикне позитивна промена преку промоција и поддршка на движењето социјално претприемништво.
Организацијата која го поддржува, промовира и развива социјалното претприемништво се стреми кон оддржлива заедница како и решавањето на социјални предизвици, подобрување на економските можности и промовирање на социјалната инклузија.
Во своите основни вредности вклучува:
ОДРЖЛИВОСТ: Организацијата се стреми кон долгорочно и континуирано влијание во својата заедница како и во општеството генерално.
СОРАБОТКА: Организацијата гради силни партнерства со локалните заинтересирани страни, бизнис заедницата и други невладини организации.
ИНОВАЦИЈА: Организацијата поттикнува креативни пристапи и решенија за општествените проблеми.
ИНКЛУЗОВНОСТ: Организацијата се стреми да вклучува различни групи во заедницата и да обезбедува еднакви можности за различни групи од заедницата.
ГРАДЕЊЕ КАПАЦИТЕТИ: Организацијата обезбедува алатки, ресурси и менторство како поддршка на социјалните претрпијатија.
Организацијата која е подготена да го промовира и го поддржува социјалното претпримништво има организациска структура со активни тела. Организацијата која квалитетно дејствува и го промовира социјалното претприемништво, го има овој концепт во рамките на организациската структура. Пример,во структурата постои координатор на програма посветена на претприемништво и/или социјално претприемништво, или вклучува координатор за вклучување на заедницата. Исто така доколку организацијата работи на обука и менторства кои го опфаќаат и социјалното претприемништво, структурата или извршната канцеларија вклучува тим за обука и менторство кој дизајнира и управува со едукативни работилници, менторски програми и сесии за развивање на вештини. Според сите програми за развој на социјалното претприемништво во локалните заедници, невладината организација која работи на поддршка и промоција на овој концепт неопходно е да гради партнерства со локални бизниси, владини институции и меѓународни организации. Конечно, организација потребно е да има одговорно лице или тим за односи со јавност, управување со социјалните медиуми и кампањите за ширење на видливоста како и ангажирање на широка група на граѓани.
Клучни Активности и Програми
Организацијата која е локален активен центар или градител на социјалното претприемништво, опфаќа програми кои прават промоција и поддршка на овој концепт. Не е неопходно организацијата да ги вклучува сите наведени програми, туку да опфаќа поддршка и промоција на различни начини како што се:
Програма за обуки и јакнење на знаење
Менторство и Инкубациска Поддршка
Вклучување на Заедницата и Свесност
Истражување и застапување
СОРАБОТКА И ПАРТНЕРСТВА
Организацијата која е активен центар за промоција и поддршка на социјалното претприемништво посветено работи на стратегија за развој на партнерства. Соработката со локалните бизниси е фокусирано на спонзорства, донации и можности за менторство. Земајќи во предвид дека човечкиот капитал е клучен во развојот на социјалното претприемништво потребно е организацијата да соработува со универзитети и стручни училишта вообиачено за интегрирање на социјалното претприемништво во нивните курикулуми. Конечно, и во зависност од капацитетите, секогаш е важно организациите да се вмрежени на национално и регионално ниво за размена на знаење, ресурси и пристап до финансирање.
МОНИТОРИНГ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ
Мерењето на влијанието односно редовната оценка на социјалниот, економскиот и еколошкиот импакт на поддржаните социјални претпријатија или генералниот импакт на промоцијата на овој концепт е важен сегмент во работата на организациите. Резултатите од мерењето на влијанито се објавени јавно во годишните извештаи кои ги опфаќаат активностите на организацијата, финансиската состојба и влијанието врз заедницата.
СТРАТЕГИЈА ЗА ОДРЖЛИВОСТ
Стремејќи се кон континуирано дејствување и застапување на социјалното претприемништво управниот тим на организацијата е насочен кон диверзифицирано финансирање односно градње на разновидно портфолио за финансирање за да се намали зависноста од еден извор на приходи. Дополнително тимот исто така се залага за развој и спроведување на активности за активности кои генерираат приходи, како што се консултантски услуги или работилници со надоместок, за поддршка на оперативните трошоци. Конечно, организацијата инвестира во професионален развој на персоналот и волонтерите за да се осигури дека организацијата останува резилиентна и приспособлива.
RAISE CSOs – Resilient and Inclusive Social Entrepreneurship Pathways for Youth with local grassroot in North Macedonia