ДИГИТАЛНА АЛАТКА ЗА

само-оценување

Важно е вие како граѓанска организација да спроведете самооценка на вашите капацитети за да можете ефективно да го поддржувате и развивате социјалното претприемништво. На тој начин ќе ги идентификувте вашите силни страни, недостатоци,  и стратешки ќе го подобрите своето влијание.

На почеток ќе ги оценувате вашите капацитети за учење и прилагодување на промени, потоа ќе го оценувате вашето дејствување во екосистемот и системот генерално. Во вториот сегмент од самооценката ќе правите проценка на вашите ресурси и општа подготвеност за идна поддршка на социјалното претрпиемништво.

*Оценете го секој модул на скала од 1 до 10. Ако немате одговор или прашањето не е релевантно за вашиот контекст, поставете го курсорот на „Без одговор“ на левата страна од скалата.

ДИГИТАЛНА АЛАТКА ЗА
САМО-ОЦЕНУВАЊЕ

01

ОРГАНИЗАЦИСКО УЧЕЊЕ И КАПАЦИТЕТ ЗА АДАПТАЦИЈА НА ПРОМЕНИ

02

СИСТЕМСКО РАЗМИСЛУВАЊЕ И ЛОКАЛЕН ЕКО-СИСТЕМ

03

ИНФРАСТРУКТУРА ЗА ПОДДРШКА И РЕСУРСИ

04

ПОДГОТВЕНОСТ, ПОДДРШКА И РАЗВИВАЊЕ НА КОНЦЕПТИТЕ НА СОЦИЈАЛНА ЕКОНОМИЈА

Welcome to your Raise CSOs

1.1 Организацијата за 10 години од сега е со силни и нови капацитети за остварување на долгорочна визија и мисија

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата се соочува со недостаток на јасен стратешки план, неактивни управувачки механизми, финансиска нестабилност, недоволни технички и оперативни капацитети и ограничена вмреженост.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има стратешки план, со јасна визија и цел. Управувањето е ефективно, со активни механизми, финансиски е стабилна и оддржлива, обебедена со технички и оперативни ресурси кои обезбедуваат високи перформанси. Организацијата е добро вмрежена со механизми за евалуација и мониторинг.

1.2 Оценете го степенот со кој организацијата се соочува со предизвици во моментов.

Одберете ниска оценка доколку:

Сегашните предизвици со кои се соочува организацијата се значајни, а моменталниот пристап е неадекватен, што резултира со застој на проекти и нарушување на оперативното работење. Потребни се итни и координирани активности за стабилизирање на ситуацијата и враќање на организацијата на стратешкиот пат.
 

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата ефективно се справува со предизвиците, применувајќи добро осмислени стратегии и демонстрирајќи силно лидерство. Постои јасна визија за иднината, проактивен пристап кон решавање на проблемите и континуирана посветеност на подобрувањето.

1.3 Како би ја оцениле способноста на вашата организација да се прилагодува на новите предизвици?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата се соочува со сериозни предизвици и неподготвено лидерство за справување со кризи. Има финансиска нестабилност, а недостига и силна соработка. Организацијата не е подготвена за дигитална трансформација, и има недостаток на култура за подобрување и адекватни протоколи за кризен менаџмент.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има подготвено лидерство и тим со вештини за кризен менаџмент. Финансиската резилиентност и силната соработка придонесуваат за организациската стабилност. Постои спремност за дигитална трансформација и култура за подобрување кои обезбедуваат успешна реакција на предизвиците.

1.4 Дали вашата организација има механизми за споделување знаење и промовира континуиран професионален развој на вработените, соработниците, волонтерите и засегнатите страни?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата има недостаток на формални и неформални начини за пренос на знаење и обука што доведува членовите на тимот да се соочуваат со ограничени можности за унапредување и развој, што ја намалува нивната способност за раст и адаптација.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има ефективни механизми за споделување знаење и обезбедува постојани и релевантни можности за професионален развој според потребите на членовите и менаџментскиот тим.

1.5 Колку често вашата организација вклучува фидбек од засегнатите страни и вработени за да ги унапреди процесите и стратегиите.

Одберете ниска оценка доколку:

Отсуството на систематски механизми за собирање и интегрирање на повратни информации што значи дека организацијата не ги прилагодува своите активности според потребите и препораките на своите членови и засегнати страни.
 

Одберете висока оценка доколку:

Постои систематски и ефективен пристап за собирање и интегрирање на повратни информации, што овозможува постојано прилагодување и оптимизирање на практиките според потребите на сите чинители на организацијата.

2.1 Oрганизацијата ефикасно и темелно ги идентификува и развива решенијата за решевање на проблемите во заедницата во која делува.

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата нема капацитети, механизми и/или алатки за идентификување на проблемите на заедницата што значи дека не може да ги препознае и разбере клучните предизвици со кои се соочува заедницата.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата ефикасно и темелно ги идентификува и развива акции/проекти за решавање на проблемите во заедницата во која делува. Процесот на идентификација и решавање на проблемите е интегриран во секојдневните активности, што осигурува дека решенијата се постојано ажурирани и релевантни за потребите на заедницата.

2.2 Колку активно и ефективно вашата организација соработува со поширокиот еко-систем на локално ниво (општина, Мрежи, граѓански организации, бизнис сектор, локална власт итн)?

Одберете ниска оценка доколку:

Имате недостаток на вклученост и комуникација со клучните актери, како што се општината, мрежите, граѓанските организации, бизнис секторот и локалната власт.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има воспоставени партнерства и редовна комуникација со општината, мрежите, граѓанските организации, бизнис секторот и локалната власт и ги користи сите достапни ресурси за да ги поддржи и унапреди своите иницијативи.

2.3 Организацијата е запознаена со концептот на социјално претприемаштво на оценка од:

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата е малку или воопшто не е запознаена со концептот на социјално претприемаштво. Недостатокот на знаење и разбирање за оваа тема ја ограничува способноста на организацијата да го искористи социјалното претприемаштво како средство за постигнување одржливост и создавање позитивен социјален импакт.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата е целосно запознаена со концептот на социјално претприемаштво. Со длабоко разбирање на оваа тема, организацијата активно ги применува принципите на социјалното претприемаштво за да генерира одржливи решенија и да создаде значителен социјален импакт..

2.5 На скала од 1 до 10 оценете ја вашата предходна соработка со социјални претпријатија и организации кои нудат поддршка на социјални претпријатија

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата нема или има многу ограничена соработка со социјални претпријатија и организации кои нудат поддршка на социјални претпријатија. Со минимално или никакво искуство во оваа област, организацијата не е во можност да ги користи ресурсите, експертизата и можностите што ги нудат овие партнери.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има силна и постојана соработка со социјални претпријатија и организации кои нудат поддршка на социјални претпријатија. Преку оваа активна соработка, организацијата ги максимизира ресурсите, ги споделува најдобрите практики и учествува во иновативни проекти.

2.6 Колку ви е јасна процедурата за регистрација и основање на социјално претпријатие ?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата не е запознаена или има многу ограничено разбирање за процедурите за регистрација и основање на социјално претпријатие.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има јасно и темелно познавање на процедурите за регистрација и основање на социјално претпријатие.

2.4. Колку вашата организација го разбира постоечкиот контекст на социјалните претпријатија во земјава (политики, стратегии, поддршка)?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата има многу ограничено или никакво разбирање за постоечкиот контекст на социјалното претприемништво во земјата, вклучувајќи ги релевантните политики, стратегии и достапната поддршка.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата целосно го разбира и е детално запознаена со постоечкиот контекст на социјалното претпримништво во земјата, вклучувајќи ги политиките, стратегиите и достапната поддршка.

2.7  Како би го отцениле вашиот организациски капацитет да обезбедувате поддршка за развој на идни социјални претпријатија?

Одберете ниска оценка доколку:

Постои недостаток на ресурси, експертиза и структурирани програми за ефективна поддршка на новите социјални претпријатија и идеите за социјално претприемништво.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има соодветни ресурси, експертиза и добро структуриран систем за поддршка, и е подготвена да ги води и поддржува новите социјални претпријатија како и проекти на темата социјално претприемништво.

3.1 Ве молиме оценете колку вашата организација нуди поддршка за граѓански организации, социјални претпријатија, млади лица, ранливи категории и други засегнати страни на локално ниво?

Одберете ниска оценка доколку:

Поради недостаток на ресурси, програми и експертиза, организацијата не е во можност да нуди поддршка за граѓански организации, социјални претпријатија, млади лица, ранливи категории и да им понуди значајна помош или услуги.

Одберете висока оценка доколку:

Со добро развиени програми, ресурси и експертиза, организацијата активно ги поддржува овие групи, обезбедувајќи им можности за развој, финансиска помош, обуки и друга релевантна поддршка.

3.2 Организацијата располага со силни ресурси за поддршка?

Одберете ниска оценка доколку:

Постои недостаток на финансиски средства, човечки капацитети, инфраструктура и други критични ресурси што ја ограничува способноста на организацијата да обезбеди ефективна поддршка за своите целни групи и заедницата.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата располага со силни и стабилни ресурси за поддршка, вклучувајќи финансиски средства, обучен и посветен персонал, современа инфраструктура и други критични ресурси.

3.3 Ве молиме оценете го капацитетот на човечките ресурси на вашата организација ( број на вработени, волонтери, вклучени експерти)

Дополнително објаснување:

3.4. Оценете ги вашите финансиски ресурси (финансиски обрт на годишно ниво)

Дополнително објаснување:
1.       < 5000 EУР
2.       <10.000 ЕУР
3.       10.001-25.000 ЕУР
4.       25.001-40.000 ЕУР
5.       40.001-55.000 ЕУР

6.       50.000 – 70.000 EУР
7.       70.000 – 100.000 ЕУР
8.       100.000 – 150.000 ЕУР
9.       150.000 – 200.000 ЕУР
10.   > 200.000

3.5. Оценете ги вашите технички ресурси (канцелариски простор, опрема)

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата има ограничени технички ресурси, што ја принудува да изнајмува канцелариски простор и компјутери за работа.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата е добро опремена со технички ресурси, вклучувајќи сопствен канцелариски простор, компјутери, печатачи, опрема за презентација и сопствено возило.

3.6. Комуникации – оценете ја вашата инфраструктура за комуникација

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата има ограничена комуникациска инфраструктура, со само една веб-страница и основни присуства на социјалните мрежи, без стручна поддршка или развиена комуникациска стратегија.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата располага со напредна комуникациска инфраструктура, вклучувајќи веб-страница, канали на повеќе социјални мрежи, и поддршка од специјализиран тим или маркетинг агенција.

3.7.  Во која мера вашите вработени и засегнати страни се запознаени и посветени на дефинираната стратешка визија?  

Одберете ниска оценка доколку:

Вработените и засегнатите чинители во организацијата имаат ограничено разбирање и посветеност кон дефинираната стратешка визија.

Одберете висока оценка доколку:

Вработените и засегнатите страни во организацијата се целосно запознаени и силно посветени на дефинираната стратешка визија.

3.8.  Влијанието на вашата организација врз засегнатите страни е?

Одберете ниска оценка доколку:

Влијанието на организацијата врз засегнатите страни е минимално и ограничено. Иако организацијата можеби спроведува некои активности, тие не успеваат да постигнат значителен ефект или да направат долгорочна промена.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата постигнува видливи и мерливи резултати кои имаат долгорочен позитивен ефект врз заедницата и целните групи.

3.9.  Оценете ја самоорджливоста на организацијата

Одберете ниска оценка доколку:

Недостигот на диверзифицирани приходи и долгорочни финансиски стратегии ја прави организацијата ранлива на промени во околината, што го загрозува нејзиното долгорочно функционирање.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата располага со диверзифицирани извори на приходи, силни партнерства и долгорочни стратегии кои обезбедуваат континуирано финансирање и раст.

4.1.  Оценете ја подготвеноста на вашата организација  да го поддржи и промовира социјалното претприемништво кај младите и ранливите категории граѓани?

Одберете ниска оценка доколку:

Имате недостаток на специјализирани ресурси, програми, и стратешки иницијативи за промоција на социјалното претприемништво кај младите и ранливите групи на граѓани што го намалува вашиот капацитет за поддршка на истите.  

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата активно работи на вклучување на младите и ранливите категории преку обуки, менторства и финансиска поддршка, и има јасна стратегија за нивна интеграција во социјалното претприемаштво.

4.2.  Оценете ја подготвеноста за вмрежување на организација на национално и глобално ниво за развој и промовирање на социјалната економија на локално ниво?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата не е активно вклучена во релевантни мрежи и соработки, што ја ограничува нејзината способност за промоција и развој на социјалната економија.

Одберете висока оценка доколку:

Организацијата има развиено силни партнерства и мрежи со национални и меѓународни организации, активно учествува во релевантни иницијативи и проекти, и користи овие врски за да ги унапреди своите цели и да го промовира развојот на социјалната економија на локално ниво.

4.3.  Подготвеност на организацијата за развој на знаења и едукативни материјали за промоција и поддршка на социјалното претприемништво, особено помеѓу целната група млади луѓе?

Одберете ниска оценка доколку:

Организацијата не вложува доволно напори или ресурси за создавање и дистрибуција на едукативни содржини наменети за млади луѓе, што ја ограничува нејзината способност да ги информира и мотивира овие целни групи.

 
Одберете висока оценка доколку:

Организацијата активно работи на создавање и дистрибуција на содржини што се специјално насочени кон младите луѓе, и користи иновации и добри практики за да ги образува и мотивира за ангажман во социјалното претприемаштво.

4.4.  Од 1 до 10 колку сте запознаени со извори за финансирање за проекти со главна цел поддршка и промоција на социјалното претрприемаштво?

Одберете ниска оценка доколку:

Не сте запознаени со извори за финансирање за проекти со главна цел поддршка и промоција на социјалното претприемаштво. Имате ограничени информации и не сте активно вклучени во истражување на финансиски можности за проекти во социјалното претприемаштво.

Одберете висока оценка доколку:

Запознаени со извори за финансирање и имате искуство и експертиза во пронаоѓање, аплицирање и обезбедување финансиски средства за проекти кои поддржуваат и промовираат социјално претприемаштво.

4.5. Оценете ја спремноста на вашиот тим за развој на  активности и/или проекти со главна цел промоција и поддршка на социјалното претприемништво помеѓу младите луѓе? 

Одберете ниска оценка доколку:

Недостасуваат вештини, знаење и мотивација за започнување и имплементација на активности и проекти за социјално претприемаштво. Тимот има ограничени ресурси или не се има особено заинтересирано за оваа област.

Одберете висока оценка доколку:

Вашиот тим е секогаш спремен и високо квалификуван за развој на активности и проекти за промоција и поддршка на социјалното претприемаштво помеѓу младите луѓе. Тимот редовно иницира и успешно реализира проекти во оваа област, со значителни резултати и влијание.